Ознаке

МИРОСЛАВ ЛУКИЋ – БЕЛАТУКАДРУЗ
МИРОСЛАВ ЛУКИЌ – БЕЛАТУКАДРУЗ
 
LAS VILAJET

ИЗАБРАНЕ И НОВЕ ПЕСМЕ
ОДБРАНИ И НОВИ ПЕСНИ


ИЗАБРАО И СА СРПСКОГ НА МАКЕДОНСКИ ПРЕВЕО
ОДБРАЛ И ОД СРПСКИ НА МАКЕДОНСКИ ПРЕВЕЛ
РИСТО ВАСИЛЕВСКИ

Бела Тукадруз, 11. мај 2013, снимак -иван Лукић

Бела Тукадруз, 11. мај 2013, снимак -иван Лукић

ХИМЕРИТЕ

Веќе зборував за химерите
на мошне упростен начин (ми се чини).
Тие пак се тука, додека размислувам
за еден овоштарник на чиј крај
имаше еден шуплив багрем
полн со саќе и мед од одбегнати пчели.
И за едно парче земја покрај патот.
За тој пат турен со чакал.
(Тоа се сè химери,
но би можеле да станат јаве,
нешто остварливо, можно,
трајно и битно).

Химерите ме воделе
и сеуште ме водат.
Тишината летна на шамаците, на ливадите
Водопадите од хмел. Преданијата на мајка ми.
Вечноста. Химерите се нејзини сосетки.

Додека ме водат,
сеедно колку тоа изгледа апсурдно,
нема да заталкам во оваа губеница.

Повторно зборувам за химерите,
сфаќајки дека четириесет
и пет години ме оттргнувале од празнината
и од несомнените знаци на пропаѓање.

Химерите водат по макадамскиот пат –
слепо црево за илјадници и илјадници –
што се јази по ритчето.

Тоа место е возвишено и санќим создадено
за светска инка, што само јас ја гледам,
што сум ја видел додека слегував по падината,
вдишувајќи го нивниот мирис.

Химерите ме воделе пругоре,
прудолу, и кон непрегледните пуми ,
кон островите со млечни печурки,
на детството и еленчињата.

Химерите ме довеле до тука.

ТОА ИСТОТО, САМО МАЛКУ ПОИНАКУ

11

Тоа е слика на вистинскиот мрачен Лавиринт
со љубовно гнездо во средината,
кај што црната учителка со набрекната вулва го мами минотаурот.
Тоа е оргија во која се вклучуваат
сите оние што сакаат да го отмат стуштениот простор,
сопчето на крајот на скалите
што прилега на затворска ќелија.
На ветерот му е доделена рола на ладало
на огромните, невидливите.
Не е тешко да се одврзат соништата
на брат ми, татко ми, мајка ми.
Мртвите навраќаат во нашиот дом ноќе и понекогаш се неодбегливи.
Тоа е љубов на која во мрачната празнина ì е здодевно,
та потчукнува на чашите, на екранот на телевизорот, на прозорецот.
Може ли тоа да го чуе и да го почувствува оној
кој во себе не носи бесмртна душа?
Ладалата огромни како напнати едра
создаваат вртлози од вжештен воздух,
кој ги амка врвовите на елките.
Ладалата се веат и создаваат вртлози.
Вртлогот има облик на инка,
низ инката духот слегува
во лавиринтот и во соништата.

12.

Еден круг се затвора,
друг круг се отвора.
(Мртва врана крај патот, во правта.)
Илузијата е неоходна и благотворна.
Како бистра, брза вода, во која се гледа
секој камен, секое рипче. И белоушката
што кршајќи ползи кон другиот брег
и кон шубракот.
Таа провидна, тековна вода, и сите тие
камења во водата опточени со зелена скрама,
пат се по кој патува летната светлина,
тука е родена Вечноста, тука одгледана –
секоја илузија тука е одвишна и отровна…

13.

Вториот круг се затвора,
трет круг се отвора.
Се отвора третата врата.
Синкав чад од тутун
(како избелената боја на вратата),
лета кон еденската градина.
Во собата никого нема:
собата пропушила!
Пљачките проговориле:
зелената мастилница,
каменог ликум на стапало,
пенушката – печурка,
пирустијата,
катраникот,
дарчето,
печката кралица,
букарот,
дрвениот склопец,
старата чамова маса,
балалајката со три,
шишињата со мелени домати,
празните тегли…
Се случило чудо: собата пропушила,
пљачките проговориле!
Гравот во хартиените вреќи,
коланите,
ремењата,
семето од тикви во мрежестите вреќи…
Собата ја слуша расправијата на пљачките
и пуши невидлива цигара…
 
 
14.

Господи, направи го невозможното
и прослави го името свое!
Куќата меѓу грмушките шипки го чека својот Домаќин.
Секое село, селце, селиште, гратче и градови.
Чека во грмушките, во пирејот, среде мртвите
коприви, сончајќи се на слаповите од хмел.
Летото со поројни дождови ги облече во прелест долините и рамнинките,
падините на ридјата, стрмните страни и тесните врезови на шумските потоци,
на напуштените салаши покрај Дунав од Нови Сад до Карловци, од Белград,
Гроцка, Смедерево до Велико Градиште, Голубац и Кладово Господ
им подари бесцена убавина. Пивка вода од Мироч, опојно
краинско вино, мразни извори од ѓердапските карпи, овчари
што им свират на своите стада и на висовите. Секоја куќа како изѕемнат
гуштер го чека сонцето што се раѓа. Светлината што ќе го огрее овој мрак
и овој отпад, оние што со децении играат на отпадот под покладни маски.
Патиштата ги обрасна трева, шумите ги голтнаа гробиштата и безбројните
прагови на салашите. Куќата чека да секне секалото на кременот, искра и
оган кој ќе го запали огромниот отпад, селски, градски, сечиј и ничиј. Зашто
Куќата и сè околу неа се претворени во најголем отпад на кој растат татули
и штирак, бурјан, бозја, лески, мовишта…
Има многу разгранети, некастрени дрвја. Има многу ќерамиди склони кон пад…

Оној што ќе го запали тој крш и лом,
ќе ужива како лудиот Нерон во пожарот на Рим…

Господи, направи го невозможното и прослави го името свое.,
нека се леат порои светлина, илјадагодишни порои!

Почетак пролећа, Ада Циганлија, Београд, 2014.

Почетак пролећа, Ада Циганлија, Београд, 2014.

ФАНТАЗМАГОРИЧНА ИСТОРИЈА

Погледајте ја сликата Откривањето на медот
на П. де Косим,
прошетајте се низ периодот од 1498 до 1998 г.
и ќе видите сè што треба да се види

Глувците со запчињата читаат стари весници
тапии и пергаменти, кога веќе нема
други читатели: архивари, критичари
и оние што треба да ги суредат

Весниците и книгите бргу бледнеат, пожолтуваат
А медот колку повеќе стои толку е поарен

Мртви се поетите и мртви се критичарите
за нив се грижи глувчовата конфесија

Сè пропаѓа бргу, освен каменот и медот

Постои рекичката Железник
и згурата од рудата што ја топеле Римјаните
Краку лу Јордан

И постои златен дворец
златна цреша пред балконот
на златната убавица
за која извештаите не велат ништо
но кочијашите ја паметат
како лисиците киселото грозје
се сеќаваат на младиот овчар
што дувал во бела гајда
на наследникот на Проперцие
кој не пишувал
туку пеел песни
за златната убавица
и за златната цреша
и принесувал волшебни жртви
на шумскиот жртвеник

Постоеле значи поубави денови
кога цутеле липите околу Железник
и кога во камените калапи
црцорело стопеното злато
како тартуфите и буковките
во лојот од див јарец
и кога во бујните ливади
цвеќињата блескотеле како дијаманти

И кога убавицата сета од злато
боса ја преминувала реката
огледајќи се во неа како во огледало

Огледалата биле длабоки и јасни
врамени во златна рамка
Златната убавица била
полична, помилосрдна од Цинтија:
нејзиното чело светело
со природни особини

Во длабочината на тоа огледало
врз карпите се лизгале
сенките на орлите и сјајот
и тажаленките на гајдарот
од длабочината

Во длабочината на тоа огледало
се гласеле вековите
со златни трепети

Материцата на пределот се затворила
како цвет во летна квечерина
кога дошле првите варвари
и го скршиле волшебното огледало

Потоа дошле нови варвари
и ги преорале прекрасните ридја
и по кусо задржување ги напуштиле
ревирите Грабова Река, Северен Железник,
Огашу Станка, Бадалан и Бродица

Главниот геолог на рудникот, иако нашол
зрнца злато дури и во римската згура
воден од златното теле не напишал ништо
во својот иѕвештај, ни патем
за легендата за златниот дворец
за златната цреша
за златната убавица
и за волшебното огледало

Тревата и шумата ги зафатиле
коповите и урнатините како гробја
сè, освен рудникот на сеќавање на еден млад поет
можеби токму оној кој го родиле
свирачот со бела гајда
и златната убавица
откривајќи мед во едно шупелкаво стебло
водени од смарагдните очи на Железник…

(1971)

*     *     *

Балканските трговци со злато имаат свој Кум
и Кумот има свои прикумчиња
и лулка од злато

А сиромашните не можат да купат
ни лулка од буково дрво
Сиромашните варат млади коприви
и мравји јајца
ги брстат првите развиени ливчиња
на буковите гранкки

Нема веќе никого во шумите,
ниту разбојници, ниту ајдуци.

На шалтерот на банката службеникот
со очила со златна рамка
ладнокрвно
брои зелени банкноти

Тие се сега место злато

Само пчелите останале исти,
тие упорно летаат во шумата
и ги цицаат прашниците
одлично варат
и ги полнат шупливите стебла
со бесмртен слач.

(24 мај 1997)

Познати бркови: Бела Тукадруз (алиас Мирослав Лукић, 1950. - Снимак Ивана Лукића, пролеће 2013.)

Познати бркови: Бела Тукадруз (алиас Мирослав Лукић, 1950. – Снимак Ивана Лукића, пролеће 2013.)

ВО ПОТРАГА ПО МАЛ ДУЌАН

На Батриќ Церовиќ
 
Што видов, ме прашуваш?
Оној прв таканаречен Голем Дуќан.
НИКОГО, иако цел ден
одев ваму-таму, горе-долу,
од рид на рид.
Ниту пиле. Ниту маче.
Ниту саксија со цвеќе на некој прозорец.

Никаде стадо. Никаде куче.
Ниту стог сено зад некоја колиба.
Ниту нов црн бајрак.
Ниту бачилото на Ѓокиќи во Длабок Поток.
Ниту говедата на Живко Говедарот.
Ниту чад од некој оџак.
Ниту оној столетен даб на врвот
на висорамнината Крстопат, на чија величествена
круна (во квечерините) слетуваа илјадници
врани. Никого не сретнав
одејќи по патеките на Голем Дуќан веќе
обраснати со трева, освен црните косови
и фазаните што ниско прелетаа
и исчезнаа во непрегледното
зеленило на грмушките. Планинците
исчезнаат во тој ист правец.
Прогресот тука навистина
успеа! Револуција. Епохата со својата метла
исчисти сè што беше
живот. (Не со метлата, туку со даноците, со ниските
откупни цени на добитокот, со примамливоста
на државните службички, со касапниците
на градовите.
Не го видов Мал Дуќан.
 
(Летото 1991, Мишленовац – Басаре)
ЗМИЈАТА БЕЛА КАКО СНЕГ

Сè можеш.
Да отккриеш вистински предел,
засолниште под ридот
што го прескокнува кошава,
жив извор и добра подлога.
Да ја довикаш Тајфата од Мал Дуќан.
Да почнеш градба на Вистинска куќа
на вистинското место –
во која се содржани сите куќи
на таа страна на светот,
во која вистински домаќин е сесмислата,
а стопанка – сврзаните времиња.
И да го кренеш тотокот над текот
и да го префрлиш во градината над годишните
времиња, во рибникот, во кој бозелот и лебедите
се постојано дома.
Сè можеш, освен
да го кренеш стариот праг
под кој е склопчена
змијата бела како снег.
ШУМСКАТА ЌЕРКА СО ТРНАРЧЕ

Каменот е најстар на оваа планета,
затоа од него градат храмови,
престоли, маси
и лакови над порти.
Земјата му припаѓа на оној што ја заградил
и орајќи ја ì дал смисла.
Дрвјата на сликите
фатени се во мирување.
Жената е затворена во својот пол
додека над нејзината глава леткаат
црни птичишта (чувствувајќи миризба
на крв што се излева).
Ја мачат несоницата и месечевиот рог.
Таа излегува од пештерата
и оди по месечина
до каменот облечен во пурпур
на кој седнува, со проѕирен превез.
Свртена е кон бреговите отаде реката
зад кои се раѓа сонцето.
Трнарчето слетува во нејзиниот скут
и ги колве капките пот
што ì се тркалаат по градите.
Ветрецот надоаѓа со налети
како прилив на морски бранови.
Ноќта е длабока и сенчеста
како нејзинот копнеж.
Трнарчето ќе затрепери пред таа длабочина,
со длабочината на ноќта, копнежот, со тишината
на горичките и ќе почне да црцори.
Црцорот е превод на трепетот…
________ Напомена: из обимнијег рукописа превода стихова  Беле Тукадруза (алиас М. Лукића)  са српског на македонски, који припрема  песник, издавач  и академик Ристо Василевски

Advertisements